Историја

Акцент Компјутери е основана во 1995 година како мала приватна компанија со 2 вработени, за развој на софтвер за мали бизниси. Со текот на времето компанијата со својот раст се насочи кон нудење на комплетни компјутерски решенија.
Акцент дизајнира,произведува компјутерски продукти насочени кон различни сегменти
на пазарот. Понудата опфаќа решенија за домашни корисници до големи компании..
Акцент се специјализира во нудење на решенија за локалните пазари.
Од самото формирање мисијата на Акцент беше едноставна: Да се понудат и изработат
квалитетни компјутерски решенија кои ќе служат на различните потреби на корисниците во
Македонија.
Со текот на времето Бизнис политиката на Акцент подржаната со квалитет, сервис
и добра вредност на решенијата ја направија Акцент една од водечките компании на пазарот.
Како резултат на работењето, речиси секоја година Акцент се вбројува во 200-те најуспешни компании (од сите области) во Република Македонија.
Нашиот бренд на персонални компјутери има добиено бројни награди и препораки во локалните компјутерски списаниија.
Акцент има одлична дилерска и сервисна мрежа низ целата држава, нудејќи ги своите
продукти во речиси сите градови во Македонија.
Акцент е официјален партнер на Hewlett Packard. Со тоа Акцент се стекна со право
да изведува маркетинг и продажба за производите на Hewlett Packard во Македонија. Од
друга страна, опремата на Hewlett Packard е комплетно решение како за т. н. end-users
така и за институциите и малите и средни претпријатија најмногу застапени кај нас.
Акцент е локален партнер на Haier Electrical Appliances за проектот Компјутер за
секое дете на Владата на РМ. Акцент со својата сервисна мрежа дава подршка,гарантна и
вонгаранта подршка на скоро 100.000 компјутери од овој проект.
Акцент е локален партнер на SAP , светскиот софверски лидер за ERP решенија
проект.
Акцент е во континуирана соработка со Brand Name компании како Еpson, Star
Micronics,Opticon,Samsung,Western Digital,Msi…
АКЦЕНТ дооел го има воспоставено, документирано и имплементирано Системот за управување со квалитет (QMS) во согласност со барањата на ИСО 9001:2000. Системот се одржува и континуирано подобрува, преку целите и политиката на раководството, резултатите од анализа и оценка на податоците, превентивни и корективни мерки и преглед од страна на Раководството.
Од самото формирање директор на компанијата е Милан Петровски дипл.ел.инж.
Постојано се врши доквалификација на кадарот во компанијата со што е постојано во
тек со трендовите на компјутерската технологија.
Компанијата е поделена на сектори кои го покриваат целокупното подрачје за потребите
на коминтентите.
Од формирањето па до денес компанијата ја има стекнато довербата на преку 50000
комитенти.
Акцент вложува во школувањето на своите кадри. Вработените во АКЦЕНТ секоја
година учествуваат на повеќе семинари преку кои се врши нивно доспецијализирање.
Стручниот тим на Акцент, развија комплетно нови решенија специјално за македонскиот
пазар.


