ISO 9001

Декларација на раководството
Основна задача на АКЦЕНТ Дооел е обезбедување на најдобри решенија од ИТ областа во Р. Македонија преку насочување на своите активности кон навремени и квалитетни услуги и производи, како и освојување на пазарот со фискални апарати и целосно опслужување на коминтентите со побарувањата за сервис и поддршка.
Од почетокот на своето основање до денес, целокупното работење на АКЦЕНТ Дооел е насочено кон задоволување на барањата на коминтентите. Постојаната грижа за корисниците е еден од основните приоритети на вработените во Акцент ДООЕЛ, а потполната доверба и задоволство кај коминтентите, како и градење на партнерски односи, е наша постојана обврска. Акцент ДООЕЛ постојано ги следи желбите и барањата на коминтентите, а сугестиите и предлозите од корисниците, се наша најголема обврска.
Континуираниот раст на компанијата е наша обрска. Oд формирањето па до сега компанијата расте со зголемување на прометот на годишно ниво од 20-30% секоја година.
Раководството на АКЦЕНТ Дооел ја дефинира својата деловна политика преку утврдување цели за квалитет, континуирано следење на процесите, нивна реализација и подобрување.
Перманентно подобрување на Системот за квалитет и унапредување на квалитетот на услугите и производите, со оптимални трошоци на работење е постојана задача на секој вработен.
Професионалноста во работeњето и посветеноста на Раководството на АКЦЕНТ Дооел се декларира преку постојана грижа за едукација на вработените. Со тоа се обезбедува постојана конкурентност и ликвидност, а на вработените во компанијата подобар социјален статус.
Добавувачите на опрема за АКЦЕНТ Дооел се бираат согласно воспоставените процедури за оценка и избор на најповолен добавувач и истите е неопходно да ги задоволуваат барањата во поглед на квалитет и рок на испорака.
Во сите фази од процесите на работење во АКЦЕНТ Дооел, се спроведуваат активности за заштита на животната средина.
СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ
АКЦЕНТ дооел го има воспоставено, документирано и имплементирано Системот за управување со квалитет (QMS) во согласност со барањата на ИСО 9001:2000. Системот се одржува и континуирано подобрува, преку целите и политиката на раководството, резултатите од анализа и оценка на податоците, превентивни и корективни мерки и преглед од страна на Раководството.
За имплементација на Системот за управување со квалитет, АКЦЕНТ дооел ги идентификува и управува со следните процеси:
- Планирање
- Обезбедување на ресурси
- Управување
- Продажба на компјутерска опрема и техничка подршка и услуги
- Продажба на фискални апарати
- Мерење и анализи
- Подобрување


