Упатство За Користење SY-50
![]()

Касата треба да биде вклучена во струја 24-часа ( кога ќе се подигне ) и тоа на следниов начин :
1.Се притиска копчето ВКЛ
2.На дисплејот се појавува - ( цртичка )
3.Се притиска копче 1
4.На дисплеј се појавува R ЛОЗИНКА и така се остава 24 часа
Лозинката за секој режим е 30 ТОТАЛ
Внесување на шифри на артикли: ВАЖНО
Пред секое внесување на артикли ( доколку веќе е почнато со работа ) касата треба да е нулирана на следниов начин:
1 се притиска ИСКЛ
2 се притиска копче 3
3 се внесува лозинка 30 и се притиска ТОТАЛ
4 се притиска ТОТАЛ уште еднаш ( нулирањето е извршено, се печати извештај ) и се притиска < >
Внесување на артикли
-се притиска 4
-се откуцува лозинка 30 и се притиска ТОТАЛ , се појавува 1-2
-се притиска 1, на екранот се појавува ФУНКЦИЈА
-се притиска пак 1 и потоа ТОТАЛ
-се откуцува шифра ( пр. 10 ) и се притиска копчето Ф 6
-се притиска АРТ и се куца името на артиклот како на мобилен
( броевите се букви – тоа го имате во големото упатство )
-се притиска на копчето ЦЕНА и се куца цената
-се притиска СБТЛ и се куца бројот 1=A за данок 18 % или 2=Б за 5 %
-се притиска ТОТАЛ и внесувањето на артиклот е завршено
-постапката се повторува за наредните артикли
-кога ќе се заврши се притиска ИСКЛ .
Продажба на артикли – Режим 1
-се вклучува касата на копчето ВКЛ
-притиснете го копчето 1
-откуцајте лозинка 30 и копче Тотал
-откуцајте колку парчиња сакаш да продадеш и притисни X
-откуцајте шифра ( пр.10 ) и притиснете го копчето СБТЛ
-побарајте го потребниот артикал со копчињата горе (+%)доле(- %)
-притиснете АРТ ( продажбата на саканиот артикал е регистрирана )
-за следните артикли се повторува постапката од внесување шифра
-кога ќе завршиш со продажба на еден муштерија притисни СБТЛ
(ја кажува сумата за наплата )
-земете пари и ако притиснете ТОТАЛ Ви се печати сметката
ВАЖНО: Режим 3=Z
На крај на секој ден пред да се заврши со работниот ден потребно е да се изврши нулирање на касата на следниов начин:
-се притиска ИСКЛ
-се притиска 3
-се внесува лозинка 30 и ТОТАЛ
-се притиска ТОТАЛ ( нулирањето е извршено се печати извештај )
-се притиска ИСКЛ.
Корекција(пред да се затвори сметката)
Пред штампање на сметката можно е поништување на последната ставка со притискање на копчето КОР , или поништување на било која ставка од сметката со притискање на копчињата X и КОР и количината и шифрата на артиклите од таа ставка.
Сторна сметка за враќање( откако ќе се затвори с/ката)
При враќање или грешка се издава сторна сметка.Се притиска прво копче X и потоа КОР. Потоа постапката е иста како и при продажбата на тие артикли.
Контролна сметка – режим X
(за проверка во текот на денот колку има искуцано )
-се притиска ИСКЛ,за да излезеш од режим на продажба
-се притиска 2 , лозинка и ТОТАЛ
-се притиска 1
-се притиска ТОТАЛ
-се притиска ИСКЛ ( се излегува од режим X )
-се притиска 1 ( се влегува во режим на продажба ).
Проверка на промет од датум до датум
-се притиска ИСКЛ за да се излезе од режим на продажба
-се притиска 2 , лозинка 30 и ТОТАЛ
-се притиска 2
-се внесува почетен датум пр. 010705 тоа е за 01.07.2005год.
-се притиска Ф5
-се внесува краен датум пр. 210705 за 21.07.2005 год.
-се притиска Ф6
-се притиска СБТЛ и се печати извештај
-се притиска ИСКЛ,1, 30 ТОТАЛ и се работи понатаму – дали со продажба или сл.
цифри и знаци
Изборот на писмото се врши со притискање на копчето АРТ. Распоредот на симболите е прикажан на следната шема.




